„Синдроми и симптоми во геријатрија и палијатива“ е мотото на втората годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина, која денеска и утре ќе се одржи во Скопје, во организација на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември – Скопје“.
Целта на овогодишната конференција е ефикасно справување со водечките синдроми и симптоми кај геријатриските и палијативните пациенти.
Со конференцијата организаторите имаат цел да ги обединат лекарите од различни специјалности, чиј професионален интерес се преклопува со геријатриската и палијативната медицина, како и медицинските сестри, психолозите, социјалните работници и физиотерапевтите, кои се составен дел од тимот за грижа за пациентите.

