Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

Собранието ќе ја продолжи 129. седница, на дневен ред измените на Законот за јавните набавки

Собранието денеска ќе го одржи продолжението на 129. седница, на чиј дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе го одржи продолжението на 129. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште пет предлог-закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки.

Собранието на седницата одржана на 10 ноември го усвои амандманот за бришење на членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за негово прогласување. 

Амандманот беше поднесен од пратениците  Бојан Стојаноки, Дафина Стојаноска и Бране Петрушевски. Со неговото усвојување, како што истакна Стојаноски, измените на Законот се усогласуваат со укажувањата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

Реклама

– Со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека овој закон може непречено да биде усвоен, да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа, рече Стојаноски.

Додаде и дека законските измени се дел од Реформската агенда, а целта им е унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција.

– Со тоа ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. Се дополнуваат надлежностите на Бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред, потенцира пратеникот.

Тој изнесе и статистики за реализацијата во градежништвото.

– Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДСM и 8 на ВМРО-ДПМНЕ. Еве ја разликата и еве зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДСM, 14 се негативни, а 15 се позитивни, а кај ВМРО-ДПМНЕ сите осум квартали се позитивни. Плус има 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДСM во 29 квартали минус 0,2, посочи Стојаноски.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница.

Претседателката на 4 ноември до Собранието упати допис во којшто посочува дека по внимателна анализа и консултации со експерти, решила, согласно член 75 став (3) од Уставот, да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, којшто Собранието го донесе на седницата одржана на 26 октомври 2026 година.

– Сметам дека новото законско решение, во, за мене, спорната одредба од членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, отвора сериозни дилеми за владеење на правото. Имено, ставот 4 на членот 132 од Законот за јавни набавки, којшто гласеше: „Претседателот и членовите на Државната комисија се именуваат за период од 5 години, со право на уште еден избор“, со членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, се смени и гласи: „Претседателот и членовите на Државната комисија се именуваат за период од 5 години, со право на повторно именување“. Формулацијата „со право на повторно именување“, за разлика од формулацијата „со право на уште еден избор“, којашто јасно воспоставува лимит од 10 години, е случајно или намерно правно непрецизна и нејасна и остава простор за арбитрерна интерпретација, во смисла на неограничен реизбор. Во духот на мислењата и препораките на Венецијанската комисија, укажувам дека ако можноста за еден резибор, во смисла на 5+ 5 години членство во Комисијата за набавки, овозможуваше голема моќ и влијание, тогаш легализацијата на неограничениот број мандати се заканува со концентрација на апосолутна моќ во неколкумина во одлучувањето за трошење на огромни износи државни пари – напиша претседателката Сиљановска Давкова. 

Потсети и дека работата на ова тело низ претходните децении била обележана со низа проблеми, сомнежи, обвинувања и дилеми за (не)пристрасно, (не)одговорно и (не)законско работење.

– Во оваа смисла, би разбрала решение за ограничување на членството во Комисијата за набавки на еден мандат, односно на пет години, но имам низа дилеми за оправданоста на законската можност за неограничен број мандати.
Молам, од демократски причини, Собранието, при повторното разгледување на членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки да се обиде да ги разбере причините за моето вето, водејќи се од начелото на владеење на правото – посочи претседателката.

Согласно членот 183 од Деловникот за работа на Собранието, ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат самов во врска со укажувањето на претседателот. Рокот за поднесување амандамни за измените заврши во петокот, на 6 ноември. 

Пред пратениците се и Предлог на законот за изменување на Законот за извршување на Буџетот на Македонија за 2026 година, по скратена постапка, Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини меѓу Македонија и Република Албанија и за спроведување на заеднички активности за гранична контрола и Предлог на законот за изменување и дополнување на Kривичниот законик, по скратена постапка.