Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Неправилности при користењето на земјоделската поддршка утврдени во Охридско-струшкиот Регион

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во земјоделството биле утврдени со теренските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во земјоделството биле утврдени со теренските контроли на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) во Охридско-струшкиот Регион. Надзор бил извршен кај корисници на субвенции и инвестиции финансирани преку Програмата за рурален развој.

При екс-пост контрола во селото Биџево, Струшко, не бил пронајден трактор набавен во 2023 година преку Програмата за рурален развој. Машината не била затекната ниту во земјоделското стопанство, ниту на пријавените земјоделски површини. Според изјавите на присутните, тракторот бил даден на користење на друго лице, а во стопанскиот двор немало траги од него. Од Агенцијата информираат дека постојат и писмени дојави дека тракторот бил продаден.

Од АФПЗРР објаснуваат дека корисникот има договорна обврска да ја користи инвестицијата најмалку пет години за потребите на сопственото стопанство, без да ја отстапува на трети лица или да ја отуѓува.

Реклама

Неправилности биле утврдени и при контролите кај пчелари. Кај еден од корисниците, кој пријавил 50 пчелни семејства, при проверката не било затекнато ниту едно пчелно семејство. Според расположливите податоци, корисникот нема ниту регистарски број на одгледувалиште.

При контролата кај друг пчелар, кој пријавил 600 пчелни семејства, биле пронајдени само 190 семејства со пчели и десет празни сандаци. Останатите 400 пчелни семејства не биле затекнати, информира директорката на Агенцијата, Даниела Иротова Лазарева.

По завршувањето на контролите, директорката посочила дека финансиската поддршка од државата подразбира одговорност, исполнување на утврдените услови и почитување на преземените договорни обврски. Најавила и дека теренските проверки ќе продолжат, пред и по исплатата на средствата, како и во текот на периодот во кој корисниците се обврзани да ги исполнуваат договорните услови.

– Нема селективност и нема привилегирани. Обврска на Агенцијата е да ги заштити чесните земјоделци и да обезбеди јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство, истакнала директорката, нагласувајќи дека „пријавеното на хартија мора да постои и на терен“.