Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Собранието продолжува со работа по првата точка од 130. седница во 13 часот и 30 минути

Во 13 часот и 30 минути пратениците ќе продолжат со работа по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 13 часот и 30 минути пратениците ќе продолжат со работа по првата точка од дневниот ред на 130. седница на Собранието, информираше претседателот, Африм Гаши по процедуралното барање за еден час пауза од пратеникот Даниел Стојчевски од движењето ЗНАМ.

На седницата на која беше предвидено поставување пратенички прашања од опозицијата, претходно еден час пауза побара координаторката на пратеничката група на ДУИ Рина Ајдари, со барање министрите да дојдат во пленарната сала.

Цитирајќи ги членовите 38 и 42 од Деловникот на Собранието, пратеникот Стојчевски, побара од пратениците да го користат инструментот пратенички прашања, бидејќи, според него, во спротивно излегува дека не се спремни за нивната работа за која што се платени.

Реклама

– Суштина е она што значи одговорност на нас пратениците за работата што ја работиме пред народот, пред граѓаните. Да ги слушнеме и функционерите коишто се избрани и именувани да кажат и да објаснат за нивната работа. Ние веќе во континуитет ни се повторува инструментот пратенички прашања, кој што се наменети како инструмент на опозицијата да се објасни работата на министрите, на заменик министрите, да биде бојкотирана со барање пауза од еден час. Мислам дека ние во светот сме единствена држава каде што опозицијата бара пауза на инструментот кој што е наменет за опозицијата, истакна Стојчевски.

Тој посочи дека пратениците земаат плата и имаат одговорност пред граѓаните и пред народот што ја гледа седницата.

– Денеска сме тука собрани, беа претставници од Владата, беа министрите, беа заменик министри и повторно беше побарано пауза. Впрочем во континуитет, како она што се случи и вчера во текот на денот за надзорна расправа, и во текот на претходните пратенички прашања. И затоа врз основа на член 87 од Деловникот, барам еден час пауза, а се надевам дека за следната седница ќе дојдете спремни, рече Стојчевски.

На дневен ред на 130. пленарна седница се предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење на предлог на Владата и Предлог законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, во второ читање, Предлог одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Предлог одлуката за изменување на одлуката за избор на шеф, членови и заменик членови на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Предлог одлуката за изменување на одлуката за избор на шеф, членови и заменик-членови на делегацијата на Собранието во парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), Предлог одлуката за изменување на одлуката за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, предлог-кандидатот за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад за 2027 година, Предлог одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад за 2027 година, предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија 2026 – 2030 година, со акциски план и предлогот на автентично толкување на член 23 ставови (1) и (2) од Законот за урбанистичкото планирање и барањето за давање на автентичното толкување на членот 17 од Законот за пожарникарството, а во врка со членот 2 став (2) од Законот за безбедност и здравје при работата, поднесено од пратеничката Славјанка Петровска. 

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка со којшто се бараше породилно отсуство за жените земјоделки, не беше изгласано да биде ставен на деневен ред на седницата.