Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Реакција на Делегацијата на ЕУ на јавната дискусија поврзана со Студентскиот дом „Стив Наумов”

По неодамнешната јавна дискусија во врска со условите во студентскиот дом „Стив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неодамнешната јавна дискусија во врска со условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, Делегацијата на ЕУ ги разгледа околностите и ги утврди фактите, вклучително и преку посета на објектите од страна на нејзини претставници. Врз основа на собраните информации, би сакале да ги дадеме следниве појаснувања – наведува Делегацијата на ЕУ во соопштение.

Европската Унија, заедно со Владата на Македонија и Германската развојна банка (KfW), ја поддржаа реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, како дел од поширока програма за подобрување на студентското сместување. Реновираните објекти беа официјално пуштени во употреба на 30 септември 2026 година и се во гарантен рок. Доколку се утврдат какви било градежни недостатоци или технички проблеми, тие треба да се пријават преку соодветните канали, по што ќе бидат разгледани и отстранети од страна на одговорните изведувачи на работата.

Решавањето на реални проблеми и презентирање точни информации се од суштинско значење за заштита на интересите на студентите и за одржување на јавната доверба. Студентите имаат полно право да изразат загриженост, и тоа треба да се сфати сериозно. Подеднакво важно е да се осигури дека информациите што се споделуваат во јавноста се точни и соодветно проверени. Фотографии или изолирани инциденти не секогаш ја прикажуваат целосната слика, па затоа заклучоците треба да се засноваат на утврдени факти.

Реклама

ЕУ очекува високи стандарди за квалитет и одговорност од сите чинители вклучени во нејзините инвестиции. Иако надлежните органи и градежната компанија се одговорни за одржувањето и поправката на недостатоците, и студентите имаат одговорност совесно да ги користат објектите – пред сè, за свое добро.

Фактите се важни. Важни се и студентите.

За повеќе информации во врска со ова соопштение, ве молиме контактирајте ја Елеонора Попоска, службеник за односи со јавност и информации, на електронската адреса  [email protected] или на телефонскиот број 3248 500.