Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Комисијата за политички систем го разгледа предлог-законот за измени на Кривичниот законик, предложен комисиски амандман

На 88. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 88. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше разгледан предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, поднесен од група пратеници.

Комисијата го усвои и комисискиот амандман и го проследи предлог-законот на натамошна постапка во Собранието. Пратеникот Антонијо Милошоски ги образложи предложените измени потенцирајќи дека станува збор за парцијални измени, со кои се предвидуваат построги санкции поврзани со перењето пари, финансирањето тероризам и конфискацијата на имот.

– Целта е да се зацврсти позицијата на Македонија во рамките на СЕПА во единствената платежна европска агенција. Втора работа предвидена со парцијалните измени е во членот 297 од Кривичниот законик, а се однесуваат на кривичното дело безобѕирно управување со моторно возило. Измените се предложени на барање на Министерството за внатрешни работи за подобро да се регулира овој член и да се обезбеди полесна примена на одредбата во пракса – рече Милошоски.

Реклама

Во однос на комисискиот амндаман, Милошоски рече дека во членот 4 од предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик се менува членот 394. Со амандманот се предлага дополнување на членот со кој се предвидува затворска казна од една до десет години за сторител што ќе ги изврши делата според околностите и личните својства бил должен или можел да биде свесен за можноста од настанување на штетната последица, иако не бил свесен за таа можност, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Рече дека и тој и пратеничката Весна Бендевска сметаат дека комисискиот амандман е компатибилен со предложеното и придонесува кон заокружување на законското решение.

Комисијата со која претседавеше пратеникот Јован Јаулески го усвои комисискиот амандман и го проследи предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на натамошна постапка во Собранието. За известител на собраниската седница е определен пратеникот Антонијо Милошоски.