Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик

Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни. Капитализираноста на банката е речиси 26 %, значајно повеќе од законскиот минимум од 8 % и значајно над стапката што би барала отворање стечај, тоа е под 2 %. Ликвидноста на банката е висока. Квалитетот на кредитното портфолио е добар со учество на таканаречените лоши пласмани од само 2,9 %. Мерката администрација треба да обезбеди задржување на оваа здрава позиција преку заштита на билансот и привремено управување од страна на Централната банка сè до наоѓање нов сопственик, на што Народната банка активно работи – рече денеска гувернерот Трајко Славески пред Комисијата за финансирање и буџет.

На надзорната расправа, каде што, по премиерот Христијан Мицкоски, беше втор сведок, Славески напомена дека поради случувањата во Србија, на 1 ноември, во согласност со законските овластувања, извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за воведување на мерката администрација во Алта банка АД Битола.

– Оваа одлука беше изнудена, односно на никаков начин не е поврзана со тековната финансиска состојба и работењето на домашната банка. Одземањето на дозволата за работа на Алта банка – Белград од страна на надлежниот регулатор ноќта помеѓу 30 и 31 октомври 2026 година автоматски значеше дека сопственикот на нашата домашна банка повеќе не може да ја испорачува обврската што ја има. Затоа уште следниот ден донесевме решение за одземање на согласноста на Алта банка – Белград за стекнување акции во битолската Алта банка и, секако, одземено е правото на глас – информира Славески.

Реклама

Тој потсети дека пред една година Алта банка – Битола го носеше името Стопанска банка АД Битола.

– Банката имаше раситнета и специфична сопственичка структура. Со оглед на тоа, беше под строг супервизорски надзор во одредени периоди. Токму поради неадекватното корпоративно управување, оваа банка беше изложена на сериозни ризици. Дополнително, и поддршката на работењето на банката од страна на единствениот акционер со квалификувано учество од финансиски и оперативен аспект беше практично исклучена. По ваквите околности, јасно е дека единствено решение за овој ризик е влез на стратегиски инвеститор, пред сè финансиска институција што ќе обезбеди подобро управување и оперативно преструктуирање. Во овој дух Народната банка издаде претходна согласност на една голема и стабилна домашна банка за стекнување со акции во тогашната Стопанска банка АД Битола – нагласи гувернерот.

Тој треба да одговори на прашањата што му ги поставија пратениците Сања Лукаревска, Ели Панова, Сашко Јанчев, Фериде Хаџиу и Павле Арсоски.

Претседателката на Комисијата, Лукаревска, даде пауза до 12.25 часот на барање на пратеникот Фатмир Битиќи. Како што оцени Битиќи, надзорната расправа требаше да биде институт во кој ќе се објави вистината пред јавноста.

– Во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа невистини. Ги извадивме записниците, барам 45 минути пауза за да се објави вистината – рече Битиќи.