Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски

Во текот на месец септември даночните обврзници имаа обврска за плаќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на месец септември даночните обврзници имаа обврска за плаќање на данокот на личен доход и социјалните придонеси (исплата на бруто плата) до 15 октомври и плаќање на обврските за ДДВ до 25 октомври.

Обврска за исплата на бруто плата за месец септември 2026 година имаа 74.782 работодавачи за 553.040 вработени лица. 66,11% од работодавачите или 49.439 исплатиле бруто плата на 481.003 вработени лица, односно за 86,97% од вработените се платени социјални придонеси во законскиот рок до 15-ти октомври.

Во поглед на обврските за ДДВ, 98,5% од регистрираните месечни и 97% од тримесечните ДДВ обврзници навремено, во законскиот рок до 25-октомври (односно 26 октомври, бидејќи 25-ти беше недела) ги поднесоа даночните пријави за ДДВ за даночниот период. Даночен долг за месечни и тримесечни ДДВ пријавиле и обврска за уплата имале 21.061 даночни обврзници на вкупен износ од 5,578 милијарди денари, од кои 60,2% или 12.676 даночни обврзници ја исполниле обврската во законскиот рок, при што уплатиле 45,6% од вкупно пријавениот долг или во паричен износ уплатиле вкупно 2,542 милијарди денари.

Реклама

За даночните обврзници кои не ги платиле даночните обврски во законскиот рок, Управата за јавни приходи редовно постапува согласно дадените законски овластувања со мерки за глоба за неподнесена даночна пријава и присилна наплата на неплатениот даночен долг.

Промовирајќи култура на позитивни односи со даночните обврзници, Управата за јавни приходи претходно доставува персонализирани известувања на сите кои задоцниле со цел потсетување за доброволно да ги платат доспеаните даночни обврски, а потоа доставува опомени согласно закон и спроведува присилна наплата од парични средства на сметка во банка (блокада на сметка).

Нашата цел како Управа за јавни приходи е да имаме висок степен на навремено исполнување на даночните обврски како показател за ефикасно собирање на даночните приходи, заради што делуваме проактивно и превентивно пренесувајќи соодветни пораки до јавноста и до секој даночен обврзник. Навременото исполнување на обврските е знак на деловна зрелост и одговорност.