Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

МО за обвинувањата од ДУИ : Популистички и паушални тврдења кои водат кон меѓуетничка нетрпеливост

– На конкурсот за прием на 29 питомци на Воената академија „Генерал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На конкурсот за прием на 29 питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пријавиле вкупно 99 кандидати, од кои 46 ги поминале критериумите за селекција. Од вкупно пријавените кандидати, двајца биле од албанска етничка припадност, еден Ром, еден Влав и 95 Македонци – наведува Министерството за одбрана во реакцијата на денешното соопштение од ДУИ.

Во однос на двајцата кандидати од албанска етничка припадност, од Министерството посочуваат дека едниот се откажал од постапката, а другиот, според ранг-листата, се пласирал на 43. место.

Министерството реагира на, како што наведува, популистички и паушални обвинувања од партија со етнички предзнак оценувајќи дека тие водат кон меѓуетничка нетрпеливост наместо кон разумно прикажување на фактите.

Реклама

– За да постои и се вреднува правичната и соодветна застапеност, потребно е граѓаните од соодветната етничка припадност да се пријават на јавните и транспарентни огласи за прием на питомци на Воената академија. Истовремено, нема да отстапиме ниту од принципот во Армијата да бидат примени најдобрите од најдобрите затоа што станува збор за кадар што е задолжен со она што сите нам ни е најважно – безбедност на државата и сигурност на граѓаните – се наведува во соопштението.

Од Министерството нагласуваат дека целата постапка е транспарентна, од објавувањето на конкурсот во два дневни весници на македонски и албански јазик до објавувањето на веб-страницата на Министерството, доставувањето соопштенија до медиумите и објавите на социјалните мрежи на Министерството и Воената академија.

Во соопштението се посочува дека Министерството ќе продолжи високо да ја вреднува правичната и соодветна застапеност, која ја оценува како придобивка за одбраната и Армијата.

– Начинот како се валоризира трудот на секој еден професионалец во Армијата е видлив од најниската до највисоката позиција во Армијата, вклучувајќи ја и позицијата заменик-началник на Генералштабот на Армијата – наведуваат од Министерството.

Прелиминарната и конечната ранг-листа се објавени на веб-страницата на Воената академија.