Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Божиновска од Загреб: Енергетската безбедност не е веќе само стратешка опција, туку неопходност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC) во Загреб, на кој министрите од регионот и претставниците на европските институции разговарале за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар.

– Енергетската безбедност и диверзификацијата повеќе не се само стратешки опции, туку неопходност. Регионалното поврзување и заедничките вложувања се клучни за стабилно снабдување, конкурентна економија и долгорочна енергетска сигурност – порача Божиновска.

Во своето обраќање, Божиновска, како што информираат од нејзиниот кабинет, го истакна конкретниот напредок на Македонија во реализацијата на стратешките енергетски проекти. Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, со очекувано завршување на македонската делница до средината на 2027 година, а интерконекторот со Србија е планиран за завршување во 2028 година.

Реклама

– Со вклучувањето на двата проекти во иницијативата „Вертикален гасен коридор“, Македонија станува важен дел од регионалната инфраструктура за диверзификација на снабдувањето и поврзување на енергетските пазари – истакна Божиновска.

Божиновска нагласи дека инфраструктурното поврзување мора да биде проследено со пазарни реформи и усогласување со европските правила. Македонија активно работи на усогласување на пазарот на гас во согласност со европската легислатива. Паралелно со изградбата на нова инфраструктура спроведуваме реформи за воспоставување современ и конкурентен пазар, вклучително и европски систем за распределба на капацитети и балансирање, како и независен оператор на пазарот на гас. Нашата цел е модернизација на пазарот на гас, поголема транспарентност, конкурентност и интеграција со европскиот енергетски пазар.

Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, биле и забрзаната електрификација, развојот на обновливите извори, модернизацијата на електроенергетските мрежи и системите за складирање енергија. Министерката ја истакна и важноста на новите технологии и електромобилноста како дел од долгорочната енергетска транзиција.

Посебно внимание било посветено на водородот како енергент на иднината. Божиновска посочи дека новите гасни интерконектори се развиваат со долгорочна визија за можноста за транспорт на водород. Македонија годинава ја заврши националната студија за водород, со што се создаваат предуслови за развој на водородна инфраструктура и идно вклучување во европските водородни коридори. Ваквите проекти се значајни за декарбонизацијата, индустриската конкурентност и долгорочната енергетска безбедност.

Во продолжението на состанокот, се разговарало за климатските предизвици и потребата од поголема отпорност на енергетската инфраструктура на екстремни временски услови.

– Климатската отпорност мора да стане трет столб на енергетската безбедност, покрај сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата. Потребни ни се енергетски системи што ќе бидат не само поврзани и ефикасни, туку и отпорни на идните предизвици – нагласи Божиновска.

Македонија продолжува со конкретни вложувања, реформи и регионални партнерства, со јасна цел – сигурна, достапна и одржлива енергија за граѓаните и стопанството.