Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Општина Пустец за првпат ќе има официјална веб-страница и на македонски јазик

Официјалната веб-страница на Општина Пустец во Албанија за првпат ќе биде достапна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјалната веб-страница на Општина Пустец во Албанија за првпат ќе биде достапна и на македонски јазик, покрај албанскиот, откако Општината го прифати барањето на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Од Друштвото информираат дека позитивниот одговор следува по официјално барање упатено до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот и членовите на општинскиот совет, како и по поднесена жалба до Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител на Република Албанија.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздравува прифаќањето на иницијативата, оценувајќи го како конкретен резултат на неговото залагање за почитување на јазичните права на македонското национално малцинство во Албанија.

Реклама

Иницијативата се темелела на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на малцинствата, вклучително и правото на користење на сопствениот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во областите каде што традиционално живеат.

Од Друштвото посочуваат дека воведувањето на македонскиот јазик на општинската веб-страница ќе овозможи подобро информирање на граѓаните, полесен пристап до јавните информации и унапредување на комуникацијата меѓу граѓаните и локалните институции.

Воедно, изразуваат благодарност до Комесарот за заштита од дискриминација за разгледувањето на жалбата и очекување дека позитивниот одговор на Општината ќе биде спроведен во практика, со што граѓаните ќе можат да добиваат информации и на својот мајчин јазик.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана најавува дека ќе продолжи да се залага за почитување на правата на македонското национално малцинство и целосна примена на законодавството за заштита на националните малцинства во Албанија.