Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Почнува со работа центар за историски студии посветен на делото на професорката Наде Проева

По повод одбележувањето две години од смртта на познатата историчарка и професорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одбележувањето две години од смртта на познатата историчарка и професорка по археологија, проф. д-р Наде Проева, Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ ја објави нејзината докторска дисертација.

Книгата, која ќе биде достапна за продажба преку издавачката куќа „Матица Македонска“, е прво издание во серијата посветена на научното творештво на професорката Проева. Од Центарот информираат дека публикациите ќе бидат достапни во печатена и дигитална форма, со цел нејзиниот научен придонес да им биде достапен на пошироката јавност и на идните генерации истражувачи.

– Во Центар за историски студии „Наде Проева“, ја започнуваме издавачката дејност со овој значаен научен труд. Книгата е прва во серијата изданија посветени на научното творештво на проф. д-р Наде Проева, кои ќе бидат објавувани во печатена и во дигитална форма. Со овој издавачки потфат настојуваме нејзиниот научен придонес да го доближиме до поширок круг читатели и да го направиме достапен за идните генерации истражувачи. Наша цел е да го унапредиме изучувањето на историјата, зачувување на научните сознанија и да ги инспирираме новите генерации да му пристапуваат на минатото со љубопитност, трудољубиво и самостојно – информираат од Центарот, кој наскоро ќе објави и англиско издание од дисертацијата, кое ќе биде споделено на дигитални платформи како Kindle и Apple Books.

Реклама

Професорката Наде Проева е родена во Ресен на 9 септември 1949 година. Студира во Белград, каде дипломира на Катедрата за археологија во 1973 година и магистрира во 1978 година. Докторската титула ја стекнува во 1992 година на Катедрата за историја на стариот век, со одбрана на дисертацијата со наслов „Влијанието на доселениците“, за развојот на културните случувања во римската провинција Македонија. Своето образование го продолжува во Сорбона, со проучувања од областа на археологијата, епиграфиката, нумизматиката и грчко-римската митологија. Во текот на кариерата на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1984 – 2014 година) ги помина сите наставни звања од предавач до редовен професор. Професорката Проева влијаеше на образованието на повеќе генерации успешни научни работници и со своето дејствување значително придонесе за угледот на историската наука.

Од Центарот, чија работа е финансирана од наследството кое професорката Проева го донираше на Македонија, информираат дека од следната година почнуваат со работа со историчари и научници од Македонија и странство на проекти поврзани со македонската историја.

Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ е формиран да го поддржи создавањето на нови генерации историчари кои ќе го продолжат делото на професорката.