Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Економија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Железници, Јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Милионски загуби, уништени пруги и инфраструктура. Ревизорските извештаи за 2024 година, изготвени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милионски загуби, уништени пруги и инфраструктура. Ревизорските извештаи за 2024 година, изготвени на барање на Министерството за транспорт, ги исфрлија на површина катастрофалните состојби во Македонски железници – Транспорт и Инфраструктура, кои ги оставила власта на СДСМ и ДУИ. Конечниот извештај на ревизорите и официјално го потврди она на што во изминатиов период постојано предупредуваа надлежните. Каква катастрофа наследиле и што сè мора да направат за состојбите да се санираат? Сликата во моментов е радикално сменета на подобро, но она што загрижува е што досега немало каква било реакција од надлежните во обвинителството. Од Министерството за транспорт очекуваат конечно да се реагира:

„Врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот, клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како Министерство апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи“, велат од Министерство за транспорт и врски.

77,8 милиони евра, наместо првично договорените 39,7, биле потрошени за делницата Куманово – Бељаковце. Вкупните залихи на суровини, материјали и резервни делови, во вредност од 335 милиони денари, потекнувале од периодот пред 2019 година, а за голем дел од нив постоел ризик од застарување и губење на употребната вредност. Во извештајот се наведува и дека железничката инфраструктура во Македонија не била доволно одржувана и била нефункционална.

Реклама

„Од 62 локомотиви, во функција тогаш биле само 9, од 16 патнички гарнитури употребливи биле само 5, а од 47 вагони, само два биле способни за редовен сообраќај“, велат од Државен завод за ревизија за извештајот во 2024 година на МЖТИ.

Претпријатието во 2024 година остварило загуба од 188,8 милиони денари, додека вкупната загуба од претходните години достигнала околу 4,7 милијарди денари. Од ЈП „Железници – Инфраструктура“ соопштија дека за проблемите кои се таложеле со децении веќе се преземаат мерки за нивно надминување.