Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Општина Илинден ги реновираше домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Општина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти. Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани, информираат од локалната самоуправа.

Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата.

Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација.

Реклама

Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните.

Од Општина Илинден посочуваат дека вложувањата во културната инфраструктура продолжуваат. Во изминатиот период биле реновирани и санирани и домовите на култура во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци.