Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Македонија, Ирена Гетцова.
Министерот Сали, како што соопшти неговиот кабинет, ѝ посакал добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

На средбата се разговарало за билатералните односи и европската перспектива на Македонија. Сали изразил благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети.
Соговорници разговарале и за можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка.
Од Министерството за европски прашања посочуваат дека остануваат посветени на унапредувањето на партнерството со Чешката Република, во насока на забрзување на европската интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните.

