Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Прилози

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Јотова води, но Радев изгуби. Само шест месеци по големата победа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јотова води, но Радев изгуби. Само шест месеци по големата победа на парламентарните избори, претседателските во Бугарија донесоа сериозни потреси за власта. Место сигурна победа како што покажува анкетите, фаворитот, Илијана Јотова влегува во неизвеска трка против Андреј Ѓуров во вториот изборен круг – нешто што се толкува како почеток на делигитимацијата на премиерот Румен Раден, нејзиниот политички покровител. Само 22 проценти излезност и 525 илјади гласа за кандидатката на власта, што е за три пати помалку од пред само половина година, кога партијата на премиерот Радев, освои речиси еден и пол милион гласови. По се изгледа ни им помогна ниту парадата наречена „враќањето на Цар Самуил„, ниту цирксуот со божемната жртва Ива Михаилова. Сепак, власта е уверена во победа после вториот круг, а вината за слабата излезност ја бараат кај политичките ривали. Јотова која освои 34,7 проценти вели дека ситуација е загрижувачка и повика на поголема масовност во недела. 

-Она што сакам да го споделам е одредена загриженост. И да им кажам на бугарските граѓани дека илузија е дека ако не гласаат, можеме да промениме нешто во земјата, а ние во следните години треба да промениме многу. За да не ја вратиме Бугарија повторно во годините на безвремие, во кои пропуштивме толку многу придобивки, со разделби, со конфронтации, изјави Јотова.

Во врат и дише Андреј Ѓуров, со 32 проценти од гласовите. Според него бугарските граѓани упатиле порака дека не се задоволни од состојбите во државата и дека се потребни промени. Ја повика Јотова на дебата, да ја претстават својата програма пред граѓаните.

Реклама

-Би сакал да ја поканам госпоѓата Јотова, ние двајца да застанеме пред бугарските граѓани, во еден отворена, чесна и цивилизрана дебата, да ги искажеме своите позиции, да ги искажеме нашите видувања за тоа како ќе ја искористиме нашата моќ, и како ќе дејствуваме кога Бугарија е исправена пред еден тежок избор, изјави Ѓуров.

Радев вели дека пораката од изборите е алармантна, ама вината ја бара кај политичките ривали, ги убедиле граѓаните дека нема потреба да гласаат.

-Овие избори се многу алармантен сигнал за целото општество, затоа што ПП-ДБ, Пеевски и ГЕРБ го осакатија Уставот и убедија многу луѓе дека е безсмислено да се гласа на овие избори, а други поверуваа дека победата е пред одлука и просто не се вклучија, изјави Радев..

Со 12 проценти од гласовите трет заврши бугарскиот националист, лидер на проруската националистичка партија Преродба, Костадин Костадинов. Тој вели дека резултатот бил добар, а неговата партија покажала дека е еден од главните фактори во земјата.

Матеја Петровски