Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Балкан

Белград: Барикади пред РИК – улицата по која вечерва ќе стигнат ливчињата е затворена

Улицата пред Републичката изборна комисија (РИК) на Србија, наспроти која се наоѓа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улицата пред Републичката изборна комисија (РИК) на Србија, наспроти која се наоѓа и Претседателството, сè уште е затворена. Полициските сили поставија барикади и заштитни огради на улицата по која подоцна, по затворањето на гласачките места во 20 часот, ќе бидат транспортирани гласачките ливчиња од предвремените парламентарни избори и доставени до РИК за броење.

За сообраќај, но и за пешаци, е затворен дел од булеварот од крстосницата кај локацијата позната како „Лондон“ кон Теразије, а трасите на јавниот превоз се изменети на потегот од Славија кон Теразије.

Бројни новинарски екипи, се обидуваат да стасаат до РИК, но најголемиот дел од нив не успеаја да поминат низ барикадите.

Реклама

На новинарско прашање од некои од колегите кои по неколкучасовно чекање успеаја да влезат во РИК, зошто е затворен пристапот до Комисијата, претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ изјави дека не знае зошто е тоа така и оти тоа е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.

Во Паркот на пионери во центарот на Белград, познат како „Ќациленд“, неколку часа пред затворањето на гласачките места на вонредните парламентарни избори, повторно почнаа да се поставуваат шатори и друга инфраструктура. Очевидци велат дека паркот цела ноќ се полнел и со полиција.

Во меѓувреме, сопствениците на продавниците на улицата „Крал Милан“, во близина на РИК и Претседателството, поставија заштитни дрвени блокови на своите излози.

Мерките за безбедност во центарот на Белград ќе траат сè додека гласачките ливчиња не стигнат до РИК.