Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сиљановска Давкова на средби со македонската дијаспора во Унгарија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која е во Будимпешта по повод одбележувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која е во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, денеска се сретнала со претставници на македонската дијаспора.

-На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти, кои ме запознаа со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата – објави претседателката на својата Фејсбук страница.

Таа истакнува дека континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината.

Реклама

-Укажав на важноста на културната дипломатија и ја поздравив нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција – додаде претседателката во објавата.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, тие ја запознале претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата.

Соговорниците изразиле желба за јакнење на македонско-унгарските односи и дале предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажале и на потребата од отворање на културни центри во обете држави – додаваат од претседателскиот Кабинет. 

Претседателката, пак, изразила задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество.

Претседателката во рамки на меѓународната програма за одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, присуствувала и на работниот ручек којшто за шефовите на делегациите го приредил претседателот на Унгарија, Андраш Бака.