Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сали: Европската перспектива треба да стане практична реалност уште пред членството

Европската перспектива треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните, бизнисите и граѓанското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската перспектива треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните, бизнисите и граѓанското општество уште пред полноправното членство во Европската Унија, порача вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали по денешните средби со високи претставници на европските институции во Брисел.

Во рамки на посетата на Брисел, Сали оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство Герт Јан Хопман, како и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет Шејмус Боланд.

– Европската перспектива треба да стане практична реалност уште пред членството. Нашата цел е граѓаните, бизнисите и граѓанското општество сѐ повеќе да се поврзуваат со Европската Унија, додека продолжуваме да работиме кон полноправно членство – порача Сали. 

Реклама

Тој посочи дека на средбите биле разгледани реформите, постепената интеграција во ЕУ, безбедносната соработка и вклучувањето на граѓанското општество, како и потребата од изнаоѓање практични решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници во Шенген-зоната.

– Разговорите беа фокусирани кон реформите, постепената интеграција во Европската Унија, соработката во областа на безбедноста и вклучувањето на граѓанското општество. Ја истакнавме и потребата од практични решенија за тешкотиите со кои се соочуваат нашите превозници во Шенген зоната – посочи Сали.       

Тој нагласи дека Северна Македонија останува посветена на реформскиот процес и очекува напредокот да се вреднува врз основа на заслугите.

– Северна Македонија останува посветена на реформите и очекува напредокот да се вреднува врз основа на заслугите – порача Сали.

Во контекст на евроинтегративниот процес, еврокомесарката за проширување Марта Кос по средбата со Сали порача дека уставните измени се чекорот што треба да го направи Македонија за да продолжи процесот без дополнителни политички одлуки. Кос истакна дека поддршката на граѓаните за членството во ЕУ е значајна и дека фактот што две третини од граѓаните сè уште го поддржуваат членството ѝ дава легитимитет на Владата да продолжи по европскиот пат.