Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сали: ЕУ треба да биде поблиску до граѓаните, не само со ветувања, туку преку конкретни резултати

Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани, не само преку ветувања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани, не само преку ветувања, туку преку конкретни резултати, порача вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали по средбата со европската комесарка за проширување Марта Кос во Брисел.

На средбата, како што информира Сали, се разговарало за европската иднина на Македонија и можностите што ги отвора новиот пристап на Европската Унија кон проширувањето.

– За нас, постепената интеграција е можност реформите да се претворат во видливи придобивки: поевтини плаќања преку SEPA, подобра дигитална поврзаност, нови можности за бизнисите и приближување кон европските програми, вели Сали.

Тој посочи дека Македонија останува посветена на реформите и очекува тоа соодветно да биде вреднувано.

Реклама

– Истовремено, веруваме дека напредокот треба да се вреднува според заслугите и да биде проследен со конкретни чекори кон членството, порача вицепремиерот.

Сали изрази задоволство што комесарката Кос ималс можност директно да комуницира со македонските медиуми, преку интервју посветено на европската перспектива.

– Европската интеграција треба да биде процес што граѓаните го гледаат, го чувствуваат и од кој имаат придобивки, истакна Сали по разговорите со Кос.

На средбата биле разгледани и Планот за раст и евроинтегративниот процес на земјава.

Сали престојува во тридневна посета на Брисел, во чии рамки остварува средби со претставници на европските институции посветени на евроинтеграциите и продлабочувањето на соработката со Европската Унија.