Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Добитниците на „23 Октомври“: Нашите истражувања се дел од цивилизацискиот мозаик на независна Македонија

Државната награда „23 Октомври“ претставува мост меѓу македонското историско наследство и современите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната награда „23 Октомври“ претставува мост меѓу македонското историско наследство и современите достигнувања во науката, културата и уметноста, истакна претседателот на Одборот за доделување на наградата и директор на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, на свеченото доделување на државното признание за 2026 година кое годинава им припадна на актерот Ѓорѓи Јолевски во областа на културата и уметноста, како и историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс во областа на науката.

Во обраќањето пред присутните, Панов нагласи дека 23 Октомври е датум што не само што е запишан во историјата, туку и активно ја создал македонската историска и национална траекторија.

-Постојат датуми што историјата ги бележи, но постојат и датуми што ја создаваат историјата. Датуми што стануваат симболи на слободата, достоинството и историската истрајност на народите и нациите. Дваесет и трети октомври е токму таков датум – истакна Панов.

Реклама

Во говорот тој оцени дека слободата и државноста не припаѓаат само на минатото, туку се потврдуваат и денес преку работата на институциите, научните достигнувања, културното творештво и одговорноста на секој поединец. Осврнувајќи се на значењето на државната награда „23 Октомври“, тој посочи дека признанието е највисок израз на институционална почит кон исклучителните достигнувања во науката, културата, уметноста и другите области од особено значење за македонското општество.

Панов истакна дека тројцата лауреати, иако доаѓаат од различни професионални сфери, ги поврзуваат долгогодишната посветеност, истражувачкиот дух и творечката работа што оставила значаен белег во македонското научно и културно наследство.

За Јолевски рече дека преку својата богата актерска кариера придонел театарот и филмот да бидат простор за уметничко истражување, човечко себепрепознавање и духовна поврзаност со публиката.

За Стојков истакна дека неговото научно дело го потврдува значењето на историографијата за самоспознавањето на општеството, особено во време кога македонската историја е предмет на оспорувања и различни толкувања.

Осврнувајќи се на работата на Лилчиќ Адамс, Панов оцени дека неговите археолошки истражувања претставуваат исклучителен придонес во откривањето, проучувањето и заштитата на богатото културно-историско наследство на Македонија.

Панов им порача на лауреатите дека нивните професионални остварувања го надминуваат личниот успех и претставуваат траен придонес за македонската држава, нејзиниот идентитет, науката, културата и уметноста, како и инспирација за идните генерации.

Во име на годинашните добитници на државната награда „23 Октомври“, се обрати добитникот на признанието во областа на науката, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, кој истакна дека Македонија поседува историски и цивилизациски континуитет што ретко која држава во светот може да го потврди.

Тој нагласи дека зад создавањето, развојот и независноста на македонската држава стојат генерации луѓе кои ги вградиле своите животи во нејзините темели.

Осврнувајќи се на историскиот развој на македонската државност, тој потсети дека низ вековите Македонија била бранета од многубројни генерации, а стремежот за слобода бил обновуван во различни историски периоди, меѓу кои и со формирањето на Тајната македонско-одринска револуционерна организација кон крајот на 19 век.

Според него, денес борбата за напредок се води со поинакви средства.

-Денес оружјето е заменето со културни и научни дела и резултати. Денес пред современата македонска држава и цивилизација, исполнета со безброј лузни и мемориски спомени на делата на милиони човечки души, вѕидани во темелите на државата Македонија, сепак се исправаат уште многу предизвици. Токму затоа, ние категорички тврдиме дека ако ни се даде зелено светло на умот, водени на развојот на културата и особено науката, Македонија и современите човечки заедници во неа имаат голема шанса да доживеат многу поголем развој во неизвесната иднина што претстои- истакна Лилчиќ Адамс.

Тој порача дека годинашните лауреати чувствуваат особена чест што нивната работа е препознаена со едно од највисоките државни признанија, оценувајќи дека наградата претставува и обврска за понатамошно творење и научно истражување.