Париската полиција донесе уредба за зонска забрана за собири и демонстрации во одредени делови од Париз, пред сè во потесниот центар, која е во сила денеска од 08 до 20 часот.
Додека Франција се подготвува за нови протести, на учесниците ќе им биде забрането да се собираат пред претседателската Елисејска палата, на плоштадот „Бастилја“, пред двата дома на парламентот, како и во неколку туристички области, меѓу кои „Лувр“ и „Шанзелизе“.
Француските власти се обидоа да ја смират јавноста откако земјата минатиот викенд беше зафатена од насилни немири. Тековната криза започна со студентски протести против високите цени и барања за реформи во образованието, но набрзо ескалираше, при што маскирани учесници во немирите ограбуваа продавници и се судираа со полицијата.

