Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот на ПИОМ: Ред, сигурност и одговорно работење се воведуваат со доаѓањето на новото раководство

Во врска со објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за ИКТ системите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Фондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година – стои во соопштението на ПИОМ.

Извештајот на ДЗР јасно покажува каква состојба е затечена: години на лоша политика, отсуство на стратегија за сајбер-безбедност и игнорирање на основните безбедносни стандарди, со што директно се доведувала во опасност стабилноста на пензискиот систем.

Новото раководство на Фондот ПИОМ покажа дека со вистинска политичка волја и професионален пристап, работите брзо се менуваат.

Реклама

Голем дел од констатираните пропусти на ревизијата веќе се надминати уште во текот на самиот ревизорски процес, додека значителен дел од препораките се веќе целосно реализирани или се во напредна фаза на имплементација.

Инвестиции во сајбер-безбедност во 2025 и 2026 година: За разлика од претходната пракса на занемарување на проблемите, во текот на 2025 и 2026 година реализирани се сериозни инвестиции и активности насочени кон зајакнување на контролите за пристап, подобрување на системите за заштита и зголемување на отпорноста на инфраструктурата, односно зајакнување на безбедноста и модернизација на информатичката инфраструктура.

· Имплементирани се современи решенија за заштита, вклучително и Endpoint Detection and Response (EDR) и Managed Detection and Response (MDR) услуги, воспоставено е централизирано следење и анализа на безбедносните настани, а завршени се и активностите за сегментација на информатичката мрежа и дополнително зајакнување на контролите за пристап.

· Во 2025 година Фондот во областа на континуитетот на работењето и заштитата на критичните податоци, воспостави Disaster Recovery инфраструктура на посебна локација надвор од седиштето на Фондот. Истовремено, се спроведуваат редовни процедури за резервно копирање и заштита на податоците, согласно воспоставените политики и процедури за информатичка безбедност.

· Како дел од мерките преземени по ревизорските препораки, извршени се надградби на серверската инфраструктура и оперативните системи.

· До средината на 2026 година беа заменети и модернизирани над 100 работни станици (endpoint уреди) кои користеа постари технолошки платформи, при што е обезбедено користење на поддржани и ажурирани оперативни системи и повисоко ниво на сајбер безбедност.

· Паралелно со техничките унапредувања, извршено е ажурирање на интерните политики и процедури од областа на информатичката безбедност,

· Во текот на 2026 година е извршено и доекипирање на ИТ секторот со нов стручен кадар и континуирано се реализираат и обуки за вработените согласно законските обврски и интерните програми на Фондот.

Фондот на ПИОМ останува целосно посветен на заштитата на личните податоци и информациите со кои управува. Безбедноста, доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците на осигурениците, пензионерите и корисниците на услугите се највисоки приоритети.

Фондот на ПИОМ и неговото раководство укажуваат дека се има јасна визија и смерници по кои се постапува во насока на подобрување на квалитетот на работата и заштитата на податоците со кои располага. Како дел од тие активности е и соработката со Светска банка и изготвувањето на Функционалната анализа на работењето на Фондот, врз основа на која се реализираат активности за организациско и кадровско зајакнување и модернизирање на работата на институцијата.

Фондот во оваа прилика упатува јасна порака до пензионерите и осигурениците:

– Немало и нема компромитирање на Вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност.

Фондот на ПИОМ потенцира дека ревизорските препораки не се само формалност, туку патоказ за корекција на грешките од минатото. Наместо туркање на проблемите под тепих, новото раководство на Фондот воведува европски стандарди, целосна транспарентност и нулта толеранција за неодговорно работење.

Фондот на ПИОМ спроведувајќи ја политиката на Владата пред јавноста констатира дека граѓаните конечно добиваат институција која вложува во нивната безбедност и обезбедува сигурни, модерни и стабилни услуги.