Посветеноста на реформите е клучна за напредокот на земјата на европскиот пат, било констатирано на средбата на заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда, досега реализираните реформи и приоритетите на институциите во наредниот период.
Трајков ги презентирала активностите и постигнатите резултати, при што ја нагласила важноста од континуирано спроведување на реформите за зајакнување на институционалната ефикасност, транспарентноста и усогласувањето со европските стандарди.
На средбата биле разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката и размена на искуства во области поврзани со реформската агенда.

