Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Викимедија МКД прослави 10 години од основањето на првиот Вики клуб

Здружението Викимедија МКД која ја уредува Википедија на македонски јазик денес одбележи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението Викимедија МКД која ја уредува Википедија на македонски јазик денес одбележи десет години постоење на Вики клубови во Македонија. Јубилејот беше одбележан во Музејот на македонска борба за независност, каде е основан првиот Вики клуб. 

Акцентот на овој настан беше ставен на еднодецениското постоење на клубовите основани од Викимедија МКД во Македонија наменети за ученици и младинци кои се обучуваат и подготвуваат за придонесување и збогатување на Википедија на македонски јазик со нови статии. 

-Целта е да го доближиме знаењето и да ја поттикнеме љубопитноста на читателите да научат нови работи, а при тоа да создадат нови содржини за останатите е предизвик кој го прифативме уште од самиот почеток. Заедно се трудиме да ја прошириме идејата за достапноста на бесплатното знаење на македонски јазик за цела читателска публика во  државата, а клубовите се едни од значајните чекори кои ги презедовме во таа насока – истакна извршниот директор Снежана Штрковска. 

Реклама

Освен Штрковска, со пригодни говори се обратија на настанот, менаџерот за образовна програма на Викимедија МКД, Боса Филиповиќ, едукаторот при Музејот Ана Вишинова, како и директорката на Музејот Анче Илиева 

Денес Вики клубовите ги има во неколку градови во државата, меѓу кои Штип, Велес, Куманово, Демир Хисар, Радовиш и Охрид.