Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Управи, агенции, дирекции, комисии –   институции за кои некој нема ни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управи, агенции, дирекции, комисии –   институции за кои некој нема ни слушнато, но сепак постојат, исплаќаат плати, а дел од нив или не си ги знаат ингеренците или пак се преклопуваат со други. Овој хаос удира директно по грбот, трпението и времето на граѓаните, кои не знаат кој е надлежен за нивниот проблем. Дополнително, постојат и институции без каква било надлежност. Тие што постојат а нема потреба од нив, ќе бидат затворени, а останите ќе даваат отчет на секои 5 години за нивната работа…. Надлежните на маса со нов предлог закон за организација и работа на органите во државната управа што конечно ќе стави крај за основање институции без никаква потреба и  оправдување.

„Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа – правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница.“– вели министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Реклама

Истражувањата покажуваат дека минатата година Македонија располагала со 300 државни органи за кои никој не знае дека постојат. Според податоците, околу 14 институции немале ниту еден вработен, освен директорот. Ил друг пример, Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, основано во 2000-тата година со околу 200 вработени, во 2025-та останало со само 4-ца. Според големината 160 институции имале до 10 вработени, 505 – до 50, 400 – до 100 вработени, 47 институции со 500 луѓе, а 25 со над 500 вработени.

Нацрт – законот е дел од пошироката реформа на јавната администрација. И административците ќе бидат ставени во ред. Со промените, вработените кои две години по ред ќе добијат оценка 1, автоматски ќе добијат отказ. Една од клучните новини е и укинувањето на можноста за унапредување ако претходно не е објавен интерен оглас. Освен построги правила за оценување, законските измени носат и парична награда за исклучителен ангажман.