Најмалиот милионер во Македониај има 4 години, додека највозрасниот е 97 годишерн пензионер. Над 3 милиони денари за само една година заработило детето од исплата на камати и дивиденди. Пенизонерот пак остварил приход поголем од милион денари, а од пензија остварувањето било само 59 проценти. Останатите пари кои му легнале на сметка биле од дивиденда. Ова го покажа извештајот на УЈП за поднесените годишни даночни пријави за минатата година.
„Регионалните податоци исто така откриваат важни разлики. Скопје учествува со 36% во вкупниот број годишни даночни пријави, но со 43% во остварениот бруто-доход. Просечниот годишен доход по пријава, односно по граѓанин во Скопје изнесува 846.000 денари и е највисок меѓу регионите. Битолскиот регион пак има помал број граѓани кои оствариле оданочив доход во однос на Штип и Прилеп, но повисок просечен годишен доход по пријава, односно по граѓанин во однос на Штип и Прилеп. На дното ниво се наоѓаат тетовскиот и струмичкиот регион со најмало учество и по број на граѓани кои пријавиле оданочив доход и по учеството на вкупниот бруто-доход од регионот во националниот бруто-доход“, изјави Елена Петрова, директорката на УЈП.
Од извештајот се забележува и дека минатата година граѓаните заработувале повеќе во споредба со претходната година.Оние кои пред две години биле со ниски примања, сега се во категорија со средни примања. . Драстично е намален и бројот на граѓани кои земале минималец. Но, намален е и бројот на богатите работници со примања над десет милиони денари на годишно ниво. Најголема добивка од плата и друг вид заработки имаат Скопјани.
„Најголемата група граѓани ја сочинуваат честотини 38.000 граѓани, односно приближно две третини од сите даночни обврзници кои се со годишен бруто-доход од 100.000 денари до 1 милион денари. Тие остваруваат 55% од вкупниот бруто-доход. Од друга страна, 16% од граѓаните со доход од 1 до 10 милиони денари остваруваат 39% од вкупниот доход. Значи во највисокиот доходовен праг имаме намалување и на бројот на лица и на вкупно остварениот доход, но наспроти тоа во средните доходни прагови во 2025 година има зголемување во однос на 2024-тата“, додаде Митева.
Најмногу пари од дополнителни приходи пријавил скопјанец кој лани заработил скоро 2 милиони евра бруто на годишно ниво. Уште тројца граѓани имаат приојавено годишни приходи од над милион денари.
Импресивни приходи од дивиденди пријавиле и гевгеличанец и охриѓанец. И двајцата со приход од над четири милиони евра.
Утврдениот бруто приход е за скоро 14 процени повисок од лани, а во државната каса се слеале и повеќе пари од данокот на личен доход или уплатени се 4, 9 милијарди денари повеќе во споредба со 2024 година.

