Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Прилози

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Силна инфузија доби македонското здравство. Пристигнаа 100 нови амбулантни возила со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна инфузија доби македонското здравство. Пристигнаа 100 нови амбулантни возила со кои ќе се зајакнат капацитетите на итната медицинска помош. Целта е побрза и поефикасна здравствена услуга за граѓаните. Новите амбулантни возила, опремени со најсовремена медицинска опрема, ќе бидат распределени според потребите на здравствените установи, бројот на интервенции и состојбата на постојниот возен парк. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека во изминатите години многу работи биле запоставени и уништени, но дека политиката на Владата е сите овие наследени проблеми да се решат еден по еден.

– Има уште многу проблеми за решавање, не е сè решено со овие 100 возила. Се разбира, можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сè решено. Но, она што е значајно е дека приоритет по приоритет, проблем по проблем се решаваат. Покрај оние 100 возила што Министерството за внатрешни работи ги обезбеди по децениска негрижа таму, по оние стотина возила што ги доби Пошта, по оние 53 возила што се користат во општините за чистење на сметот, дојде редот и на овие 100 амбулантни возила. А многу скоро, од денеска, ќе имаме и нови 150 електрични автобуси, што исто така ќе бидат распределени низ градовите во Македонија“, изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Министерот Клековски вели дека итната медицинска помош е една од службите што имаат најголемо значење за подобрување на целокупната здравствена заштита, особено кога се во прашање минутите потребни за да се спаси нечиј живот.

Реклама

– Возилата се опремени со ЕКГ, со респираторна поддршка, со дефибрилатори. Имаат и комфор-зона, регулација на вентилацијата и климатизација. Со овие сто возила ќе стигнеме до околу 200 возила во целата земја. Во моментов имаме 140 активни возила. 60 од новите возила ќе бидат наменети за зголемување на капацитетот на итната медицинска помош, а другите ќе бидат наменети за заменување на дотраените возила“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Набавката на амбулантните возила не значи и крај на инвестициите во здравството. Премиерот најави дека фокусот во претстојниот период ќе биде ставен на Клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово, проекти за кои Владата е во завршна фаза на преговори со Светската банка и Европската инвестициска банка. За новиот клинички центар во Скопје, Мицкоски очекува дека преговорите ќе бидат завршени до крајот на годинава.