Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Економија

Ристески: Законот за јавно-приватно партнерство треба да се преработи и да стане поефикасен

Законот за јавно-приватно партнерство треба да се преработи и да се направи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за јавно-приватно партнерство треба да се преработи и да се направи да биде поефикасен за оние што го применуваат, смета заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. 

Според Ристески, законот сега остава простор за одредени проблеми при неговата примена, вклучително и во однос на постапките на Државниот завод за ревизија и забелешките што произлегуваат од нив.

– Овој модел има особено значење за идните инвестиции во државата. Сметам дека законот треба да се преработи и да се направи поефикасен, така што институциите и сите што го применуваат да немаат страв или несигурност при неговото спроведување. Во Владата веќе работиме на ова прашање и се надевам дека на една од следните седници на Економско-социјалниот совет ќе го разгледаме Законот за јавно-приватно партнерство. Верувам дека овој модел може да даде значајни резултати, какви што веќе се постигнати во развиените западноевропски држави. Затоа е важно соодветно да се имплементира и кај нас, изјави денеска Ристески пред почетокот на тркалезната маса организирана од Сојузот на стопански комори.

Реклама

Од Сојузот на стопански комори сметаат дека јавно-приватното партнерство е особено значајно за понатамошниот развој на економијата и бизнисот, а истовремено може да придонесе и за решавање на проблемите во јавните претпријатија.

– Станува збор за јавни претпријатија кои имаат проблеми во работењето и остваруваат загуби. Тие би можеле, преку соодветен модел на јавно-приватно партнерство, да добијат нов капитал и да го унапредат своето функционирање, при што државата би можела да остане доминантен сопственик. Ова се модели што се применуваат во регионот и во земјите на Европската Унија. Приватниот сектор би вложувал капитал во развојот на јавните претпријатија, во набавка на современа техничка опрема, во унапредување на човечките ресурси, како и во доквалификација и преквалификација на вработените. На тој начин државата би добила поефикасни претпријатија, а дел од суштинските проблеми би се решавале преку приватните инвестиции и експертиза. Целта е јавните претпријатија да станат профитабилни компании, од кои корист ќе имаат сите засегнати страни. Притоа, би се отворил простор и за активирање на домашниот капитал во интерес на државата и на самите компании, вели претседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски.

Во однос на идејата за прелевање на дел од вработените од јавниот во приватниот сектор, Ѓорѓиевски вели дека како Комора остануваат на оваа идеја, но дека станува збор з апрашање што треба внимателно да се разгледа.

– Во дел од јавните претпријатија има голем број вработени, но не сите се соодветно ангажирани во работните процеси. Преку јавно-приватното партнерство би можело да се создаде простор за поефикасна организација на работата и за премин на дел од вработените кон приватниот сектор, доколку постојат соодветни услови. Сметаме дека тоа е важно затоа што компаниите треба да бидат главни носители на економските активности во државата. Потребно е да расте бројот на вработени во приватниот сектор, а претпријатијата да работат поефикасно и да создаваат нова вредност, вели Ѓорѓиевски.

Според заменик-министерот за економија, во последно време се забележува премин на вработените од јавен во приватен сектор и тоа, смета Ристески, е добро.

– Во последниот период забележуваме интересни појави во јавните институции и министерствата. Голем дел од вработените во администрацијата заминуваат и продолжуваат да работат во приватниот сектор. Тоа е добро и корисно за македонската економија, бидејќи во западноевропските земји приватниот сектор често нуди повисоки плати од јавниот сектор. Ќе бидеме задоволни кога и кај нас приватниот сектор ќе стане попривлечен и поинтересен за вработување од јавниот сектор – рече Ристески.