Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Македонија

Николоски: Инвестираме речиси 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош

Владата инвестира речиси 11 милиони евра во проекти за да обезбеди повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата инвестира речиси 11 милиони евра во проекти за да обезбеди повеќе можности за жителите на Карпош – истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по средбата со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговарале за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината.

– Преку двата повици, што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е речиси 11 милиони евра, од кои директно преку Министерството за транспорт се реализираат приближно 5,5 милиони евра. Нема дел од општината каде што не работиме, каде што не решаваме инфраструктурни проблеми и продолжуваме да го правиме тоа и во следниот период – нагласил Николоски.

Како што соопшти Министерството за транспорт, вицепремиерот најавил и нова соработка и поддршка за Општина Карпош.

Реклама

– Се договоривме за еден нов инвестициски циклус, каде што ќе помогнеме во реализација на плоштади, во реализација на улици, атмосферска канализација, фекална канализација и уредување на просторот онаму каде што е најпотребно во општината. Исто така, како што рече и градоначалникот, зборувавме за решение на свлечиштата, особено во делот што гравитира кон населбите Козле, понатаму Трнодол, Жданец, да се санира целиот тој простор – посочил Николоски.

На состанокот се разговарало и за паркинг-местата како еден од предизвиците на Општината.

– Во следниот период еден од главните предизвици е решавање на проблемот со паркирањето, особено во делот на населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3 и Карпош 4. Тука работиме заедно со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на изнаоѓање едно интегрирано решение, кое треба да значи решение на проблемот со паркингот преку изведба на катни гаражи, кои ќе бидат достапни за граѓаните, исто така подземно паркирање, подземни катни гаражи, кои ќе значат, од една страна, зеленило, паркови, а од друга, решавање на проблемот со паркирањето – изјавил Николоски.

Вицепремиерот додал дека овие проекти ги работат заедно со Општината и со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

– Онаму каде што има потреба или проектите веќе се при крај, ќе влеземе во реализација, на другите места работиме на изработка на проекти и очекувам во следните две-три години целокупниот проблем со паркирање во општина Карпош да биде решен на овој начин – додал вицепремиерот Николоски.