Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90 отсто исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година.

Според објавените резултати, МВР има 75,90 отсто исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење кога резултатот изнесувал 73,3 отсто.

Како што се наведува во соопштението од МВР, особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области:

Реклама

100 отсто исполнетост на индикаторите за интегритет – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност.

100 отсто исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност – поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење.

75,90 отсто вкупна отвореност – резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето.

Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46 отсто исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија.

Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните.

– Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство. Токму затоа продолжуваме со истата посветеност – за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат еднакво за сите. Отвореноста и транспарентноста се секојдневна обврска на институциите кон граѓаните –  се наведува во соопштението од МВР.