Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 160 примероци од 47 мерни места.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 13-ти до 16 октомври зема 160 примероци за физичко-хемиска и 160 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

