Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Општина Делчево одбележа 85 години од  почетокот на антифашистичкото востание

Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележува 85 години од  почетокот на антифашистичкото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележува 85 години од  почетокот на антифашистичкото востание, 11 Октомври.

По тој повод, делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Иван Гоцевски, претставници од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции,  политички партии, здруженија на граѓани, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

-Денес со гордост им оддаваме почит на сите борци и херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги поставија темелите на слободата и државноста. Нивната борба и жртва нè обврзуваат да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста и меѓусебното почитување. Нека 11 Октомври биде потсетник дека само со заедничка работа, одговорност и посветеност можеме да изградиме подобра иднина за нашето Делчево и за нашата Македонија. Во мое лично име и во име на Општина Делчево, ви го честитам Денот на народното востание – 11 Октомври. Нека ни е честит празникот, истакна во честитката до граѓаните градоначалникот Гоцевски.

Реклама

Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот оружен напад во Прилеп и во Куманово и се осврнаа и на значењето на востанието како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ.