Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мнозинството од населението во Македонија се задоволни од нивниот квалитет на живот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мнозинството од населението во Македонија се задоволни од нивниот квалитет на живот. Ова го покажува последната анкета спроведена од агенцијата Маркет Вижн за потребите на мкд.мк. На прашањето „Колку сте задоволни со вашиот квалитет на живот?“, мнозинството испитаници или 57,5% одговориле дека се задоволни, а 40,7% дека не се задоволни.

Истражувањето го опфаќа и јавното мислење околу прославата на Денот на независноста. Најголем дел од испитаниците 41,2% имаат позитивен став за организацијата. 31,8% од испитаниците сметаат дека прославата била прескапа и дека парите би можеле да се потрошат на други работи, додека 27% од испитаниците изјавиле дека немаат став за ова прашање.

Меѓу прашањата се најде и она за изјавата на премиерот Мицкоски на прославата по повод „Денот на независноста“ дека „битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“ која предизвика големо внимание и бројни реакции во македонската јавност. Испитаниците биле прашани дали оваа изјава ја сметаат за разбирлива, навредлива и дали ја поддржуваат.

Реклама

Најголем дел од испитаниците или 41,2% сметаат дека изјавата е разбирлива, додека за 31% изјавата не е разбирлива. Мнозинството од анкетираните или поточно 53,4% од нив, одговориле дека изјавата на премиерот не е навредлива.

Во однос на тоа дали ја поддржуваат изјавата ставовите на испитаниците биле поделени. Речиси една третина од испитаниците ја поддржуваат изјавата, една третина од нив не ја поддржуваат, додека една третина се изјасниле како неутрални.

Истражувањето на Маркет Вижн било спроведено во периодот од 11 – 27 септември преку телефонско анкетирање на 1200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

Инаку мкд.мк вчера објави и анкета за рејтингот на политичките партии и нивните лидери. Испитувањето покажува дека најголемиот дел од граѓаните или 19,3 проценти својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ , додека  СДСМ ужива доверба од само 5,6 проценти од испитаниците. Овие проценти покажуваат дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила 4 пати повеќе гласови од СДСМ. Кај партиските  лидери, Мицкоски има полема предност пред претседателот на СДСМ, Филипче. Мицкоски добил 20,4% од довербата на анкетираните, додека Филипче ужива само 3,8% поддршка од граѓаните.