Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот почна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Се радувам што дијалогот почна и што со дијалогот се запознати нашите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се радувам што дијалогот почна и што со дијалогот се запознати нашите меѓународни партнери. Тоа е убавината на демократијата – да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан каде го гледа излезот од блокадата  во односите со Бугарија и за очекувањата по завчерашната средба на министрите за надворешни работи на двете земји, Тимчо  Муцунски и Велислава Чамова во Софија.

-Јас очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашање по посетата на Скопското Кале.

Прашан дали ќе има нови средби до декемврискиот самит на ЕУ, рече „да оставиме процесот да се движи по природен пат“ и дека „за се она што јавноста треба да знае, ќе знае на време“.

Реклама

Нагласи дека е важно што почнал дијалогот, како што советувала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при неодамнешната посета на Скопје.

-Советот беше да почне дијалогот, дијалогот почна. Нашите партнери се запознати со содржината на дијалогот, очекувам дијалогот да продолжи, така што во периодоот што следува очекувам да има напредок и кога ќе има напредок, се разбира, јавноста ќе биде информирана, додаде премиерот.