Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Скопје се поврзува авионски со Подгорица и добива уште една авиолинија.  Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се поврзува авионски со Подгорица и добива уште една авиолинија.  Ова било  договорено при денешната посета на Црна Гора на Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Алексанар Николоски  со  Премиерот Милојко Спајиќ и министерот за транспорт Радош Зечевиќ. Новата авиолија  меѓу Македонија и Црна Гора треба да донесе уште поголем развој на туризмот,  но и на бизнисот.

-Во многу кратко време да се потпише договор кој што ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица со што ќе имаме уште ден главен град со кој што сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развој на туризмот, но исто така и за развој на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова  добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат и двата аеродроми–вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Договорено е поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце.

Реклама

– Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје–Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментовградиме и автопатска и железничка конекција.  Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар –вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На средбите се разговарало и за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите.

Инаку воведувањето на новите авиолонии и владините политики, даваат конкретни резултати. Бројките се импресивни. Пред неколку дена беше објавено дека  само за првите девет месеци годинава  имало три милиони и триста илјади патници.

Следна дестинација со која ќе се поврзе Макеоднија со директен авиолет се очекува да биде е Дубаи.   Од Аеродромот  во Скопје се лета за Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо. А Охрид  се поврзува   со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.