Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите

По повод престојниот празник – 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод престојниот празник – 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), денеска упатија апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

– Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста – нагласија од РСБСП.

РСБСП апелира да се почитува ограничувањето на брзината и да се прилагоди брзината на движење според условите и состојбата на патот, да не се управува возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци, да не се користат мобилен телефон и други електронски уреди додека се управува со возило, да се користи сигурносен појас на секое патување – без оглед на должината на релацијата, да се користи соодветно детско седиште и задолжително да се обезбедат децата, да се одржува безбедно растојание и да се избегнува ризични престигнувања и ненадејни маневри, пред подолго патување да се провери техничката исправност на возилото – особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување, а доколку лицето е уморно – нека не продолжува да вози, да направи пауза и да се одмори.

Реклама

– РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности, можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот. Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот – се додава во соопштението.

За време на продолжениот викенд, од РСБСП советуваа да се патува одговорно, да се вози внимателно и да не се ризикуваат сопствениот, како и животот на другите.

– Нека 11 октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување – а, не причина за сообраќајна незгоди и трагедии – се потенцира во соопштението на РСБСП.