Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Андоновски: На 28 октомври ја промовираме м.Услуги, државните услуги и личните документи на вашиот мобилен телефон

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во едно гостување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во едно гостување на национална телевизија најави официјалната промоција на мобилната апликација м.Услуги, која ќе се одржи на 28 октомври во Македонската филхармонија. На настанот свое обраќање ќе има и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, кој ќе говори за насоките и приоритетите во дигитализацијата на државата.

„Промоцијата официјално можам да ја најавам на 28 октомври во Македонската филхармонија. Ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги, јас ќе ги презентирам изгледот и функционалностите, а претседателот на Владата ќе говори пошироко за тоа каде се движиме во поглед на дигитализацијата“, истакна Андоновски.

Министерот посочи дека апликацијата е во финална фаза на тестирање и ќе биде достапна преку Google Play и App Store. Преку својот профил на Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk, граѓаните ќе можат да се најават во апликацијата и да пристапат до своите податоци и функционалностите што таа ги нуди.

Реклама

м.Услуги ќе овозможи пристап до електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, а на почетокот ќе нуди и три услуги за граѓаните. Андоновски ја нагласи безбедноста на апликацијата и посочи дека нејзиното преземање ќе биде бесплатно, а користењето доброволно.

„Ова ќе биде наш прв чекор кон дигиталниот паричник. Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилниот телефон, односно на дланка“, порача министерот.

Во рамки на понатамошниот развој на апликацијата, Андоновски информираше дека веќе се водат разговори со Министерството за здравство за податоците од м.Здравје, како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади за европската младинска картичка. Целта е м.Услуги постепено да прерасне во дигитален паричник со повеќе документи и услуги достапни на едно место.

Во однос на прифаќањето на електронските документи од институциите, министерот објасни дека тоа ќе биде постепен процес, кој ќе бара приспособување на подзаконските акти и јакнење на институционалните капацитети. Тој потсети дека и за прифаќањето на другите електронски документи биле направени измени во околу 100 закони.

„Европската унија бара задолжително користење на дигиталниот паричник од 2027 година. Кај нас нема задолжителна употреба, но во исто време ќе правиме напори институциите да започнат да ги прифаќаат електронските документи. Тоа ќе биде процес, бидејќи ќе треба да се менуваат и подзаконски акти. Чекор по чекор, како што ќе ги градиме капацитетите, така ќе се проширува и нивното прифаќање“, рече Андоновски.

Министерот истакна дека досегашните коментари се позитивни и ја потврди посветеноста на Министерството за дигитална трансформација кон развој на услуги што ќе им го олеснат секојдневието на граѓаните.

„Засега слушам само позитивни коментари, а ние ќе направиме сè што е потребно за ова да функционира во интерес на граѓаните“, заклучи Андоновски.