Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Една година работа, конкретни проекти и резултати во Старо Нагоричане

За неполна една година Општина Старо Нагоричане покажа дека со одговорно управување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За неполна една година Општина Старо Нагоричане покажа дека со одговорно управување, финансиска дисциплина и посветена работа може да се испорачаат конкретни резултати. Реконструирани се повеќе локални патишта во Стрновац и Младо Нагоричане, а обезбедени се средства и договори за нови реконструкции во Старо Нагоричане и Добрача. Паралелно, со општински средства се вложува во тампонирање и санација на локалните патишта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се инвестира и во комуналната инфраструктура, уличното осветлување, водоснабдувањето, противпожарната заштита и опремувањето на ЈКП „Козјак“. За комуналниот сектор се обезбедени значителни средства, а општината навремено ги сервисира своите обврски.

Извршена е и реконструкција на локален пат во с.Младо Нагоричане од м.в Ветеринарна станица до ООУ „Христијан Карпош’’ во должина од 627 метри, во вредност од 9.291.471 денари.

Реклама

Во с.Младо Нагоричане маала Пиленац е завршена реконструкција на локален пат во должина од околу 564 метри, со вкупна вредност од 3.958.534 денари, финансиски средства обезбедени од првиот повик од унгарскиот кредит.

Особено внимание се посветува на младите и семејствата, финансиска поддршка за новороденчиња, првачиња и студентите, бесплатна екскурзија за деветтоодделенците и инвестиции во училиштата.

Но најважно, Општина Старо Нагоричане денес нема доспеани, неплатени обврски и нема ниту денар долг.

Ова се реализирани проекти, обезбедени средства и конкретни резултати.

Работата продолжува. Старо Нагоричане да биде поуредна, побезбедна и подобра општина за секој нејзин жител.