Нашиот став како Влада за уставните измени е непроменет не затоа што сме тврдоглави, туку затоа што ние сме направиле доволно за тој европски пат и единствено нешто што во овој момент очекуваме е одредена гаранција која треба да ја добијат граѓаните, а не јас како политичар дека нема да има друго вето. Затоа ние сме констурктивни и нудиме решенија цело време, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.
-Од другата страна, зборувам за нашиот источен сосед, за жал нема желба за било каков напредок кога станува збор за тие решенија – да седнеме да ги разгледаме, изанализираме, разговараме и така натаму. Затоа ние велиме ајде да се вклучи малку поробусно Европската комисија или Европската Унија за да можеме сите да разговараме, бидејќи пораката која ја добиваме од нашиот источен сосед е дека тоа не е билатерално прашање, туку меѓу вас и ЕУ. Ние велиме во ред – тогаш оставете не со Брисел да се договориме. И кога тоа им го велиме викаат не, не треба со нас да седнете и сме во чудна ситуација бидејќи од една стана пораката е седнете со Брисел, а од друга страна – не, не, не со Брисел треба со нас да се договорите. Ние се обидуваме и тој процес нема да оди едноставно, бидејќи еден кога ќе направи катастрофална грешна 100 упорни и паметни многу потешко ќе ја оправат таа катастрофлана грешка отклку што еден ќе ја направи, рече Мицкоски во интервју на една од телевизиите.
Но, додаде, ние нема да се откажеме и ќе продолжиме бидејќи тоа е суштината на демократијата – да разговарате и барате решение.
-Ќе продолжиме да бараме решение затоа што никогаш нема да влезам во авантура во која јасно нема да го видам крајот, а сега не само што не го гледам јасно крајот, туку напротив тој станува се помагловит и помагловит. За нас не претставува проблем да се вметнат Бугарите во Уставот, туку проблем претставува условувањето понатаму во патот на прговарањето за пристапување кон ЕУ. Затоа ние поинудивме решение кое кажавме дека ќе има одложено дејство, односно кога ќе го завршиме процесот на преговори да стане тоа ефективно, односно аплиактивно. Тоа очигледно некој не го прифаќа и со тоа испраќа јасна порака дека ова нема да биде единствено барање, рече Мицкоски.
Никогаш, додаде, не сме рекле дека условот за уставните измени не останува.
-За жал претходната влада на СДСМ и ДУИ прифати нешто кое што е дел од преговарачкиот процес, но наша цел како Влада од самиот почеток е да можеме да најдеме начин како тој процес да го задвижиме, а при тоа да успееме да го задржиме достоинството кое со прифаќањето на тој услов беше уништено и закопано ако се има предвид дека на ова прифаќање му претходеше друго понижување – промената на уставното име на државата, посочи Мицкоски.
Нагласи дека опозицијата континуирано го труе политичкиот простор со лаги и со измислици.
-Нивната порака е дека нема реформи дека ние сме се плашеле да одиме напред само поради тоа што се плашиме од Јавното обвинителство на ЕУ кое нема никаква јурисдикција на нашата територија. Пораката од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен беше многу јасна и децидна и го демантираше тоа. Таа вели вие правите импресивна работа во делот на реформите и таква реторика немаше на претходните дестинации кои ги посети, потенцира Мицкоски.
Разгооворот со неа го оцени како исклучително содржаен и пријателски и „би рекол разговор кој што го водат двајца пријатели“.
-Јас сум задоволен од самиот разговор, но не сум задоволен од динамиката на процесот, бидејќи нашата цел како Влада е да најдеме начин со кој некако ќе го придвижиме процесот напред. Во меѓувреме се појави документот за постепена интеграција кој што го објави Европската комисија за кој можам да кажам дека охрабрува, но тој треба да биде усвоен од Европскиот совет, посочи Мицкоски.
Македонскиот премиер смета дека со постепената интеграција земјава може да го придвижи процесот за целосна интеграција во Европската Унија иако, како што вели, имајќи ја во предвид состојбата во ЕУ и светот ќе не очекуваат многу предизвици.

