Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Мицкоски: За време на владата на Филипче цените беа 67 проценти над просекот во Европа, а денес 25 проценти пониски од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на една од телевизиите говорејќи притисоците врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на една од телевизиите говорејќи притисоците врз цените и стандардот на граѓаните истакна дека иако, како што рече, живееме во невидлива трета светска војна, состојбата е многу подобра од пред четири години кога на власт беа СДСМ и Филипче.

„Еве дозволете ми за тоа да ви дадам одговор со бројки. Јас не зборувам на чувства, зборувам со бројки. Еве ако го анализираме третиот квартал во 2022-та и ако го анализираме третиот квартал во 2026-та, просечната инфлација, цените во 2022-та се 67% над просекот во Европа. Ако просекот во Европа е 10 запирка нешто проценти, кај нас просекот, инфлацијата тогаш била околу 17 проценти. Денеска инфлацијата во третиот квартал 2026-та во Македонија е за 25% пониска од европскиот просек. Ако денеска просекот јули, август и септември е некаде околу 2 ипол, 2,57%, а европскиот просек е некаде 3-3,3%, тогаш доаѓаме до заклучокот дека во 2022-та во третиот квартал цените во Македонија биле за 67% повисоки во однос на Европската Унија.“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Јас сум политичар којшто води политика на основа на бројки и бројките се дел од статистиката и врз основа на бројките вие цените дали одите напред, стагнирате или уназадувате. Јас само сакам да кажам дека сега бројките се неколкукратно подобри од пред четири години.“

Реклама

Што сде однеусва до посетата на претседателката на ЕК, тој рече дека пораката од Урсула фон дер Лајен јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција и Филипче дека Владата не спроведува реформи.

„Пораката од претседателката на Европската Комисија беше многу јасна и децидна која што го демантираше ова кое што го збори домашната опозиција.“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како „импресивна“, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка.

„Таа вели вие правите импресивна работа, тоа ќе се согласите претставува највисока ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинација која таа ги посети. Ние збориме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје, беше на неколку други места и само тука го искористи тој вординг, односно највисоко нивно на суперлатив, кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме“, посочи премиерот Мицкоски.