Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Мицкоски: Уставните измени минатата влада ги направи критериуми за членство во ЕУ, откако претходно го смени името

Не беше во таа смисла кажано. Туку беше кажано дека се уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не беше во таа смисла кажано. Туку беше кажано дека се уште некако како да стоиме и не успеваме да го придвижиме сите заедно процесот, а нашата заедничка цел е практично да бидеме еден ден дел од Европската Унија. Во таа смисла беше кажано тоа. Инаку нашиот разговор беше содржаен, пријателски разговор, кои го водат двајца пријатели – истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вечерашното гостување на една од телевизиите.

„Јас не сум задоволен од динамиката на процесот, бидејќи уставните измени како такви, за нас како Влада ставот го знаете, јасен е. Нашата цел е практично да најдеме начин со што некако ќе го придвижиме процесот напред. Во меѓувреме се појави овој документ кој што го објави Европската комисија за кој што можам да кажам дека охрабрува, но тој документ на крајот на денот треба да биде усвоен од Европскиот совет,“ рече Мицкоски.

На прашањето дека и покрај се условот за уставни измени останува, премиерот Мицкоски посочи дека уставните измени минатата влада ги направи критериуми за членство во ЕУ, откако претходно го смени името.

Реклама

„Никогаш ние не сме кажале дека тој услов не останува. За жал, претходната влада на СДСМ и ДУИ прифати нешто кое што е дел од овој процес. Но, она кое што беше наша цел од самиот почеток на Владата, ако ги оставиме оние будалаштини што ги кажува моменталното раководство на СДСМ и ДУИ дека сме ветувале, па сме излажале итн, ако ги оставиме тие будалаштини и зборуваме за реална политика, тогаш нашата цел беше да можеме да најдеме начин како тој процес да го задвижиме, а притоа да успееме да го задржиме достоинството, кое со прифаќање на тој услов ќе се согласите со мене апсолутно беше не само уништено, туку буквално закопано, ако се има предвид дека претходно на ова прифаќање му претходеше едно друго понижување, а тоа беше промената на уставното име.“, дециден е Мицкоски.