Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Мицкоски: Се уште има тежок живот, но сме со 4,3 отсто раст на БДП и најниска инфлација – имаме резултати

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за една од телевизиите говорејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за една од телевизиите говорејќи на тема економија истакна дека иако се уште има тежок живот, владата се бори за негово подобрување, за подобри услови и има резултати, имаме најниска инфлација, а највисок раст на економијата во регионот. 

„Она коешто јас го кажав, а тоа е прецизно и јасно кажано, а тоа е дека кога ќе се земат предвид годишниот раст на бруто домашниот производ во определен квартал од годината споредено со истиот квартал од претходната година, свесен дека ќе бидам под постојана критика, но ние веќе осум, девет квартали се наоѓаме во горната половина од европските земји, а во конкретно последниот квартал, тоа е вториот во  2026 година сме во првите 5 земји во Европа според раст на сопствената економија во тој квартал, споредено со истиот квартал во претходната година“, посочи премиерот Мицкоски.

Тој појасни дека иако се живее се уште тешко, треба да се има и предвид актуелната светска ситуација, но и таа во регионот, иако тоа не е оправдување, но кога сето тоа ќе се анализира ние во таква ситуација имаме обезбедено 4,3% раст на БДП притоа и во третиот квартал месеците јули и август побрзо расте извозот отколку увозот. 

Реклама

„Во делот на инфлацијата, ако ја земете просечно во третиот квартал, а тоа се месеците јули, август и септември, и тука сте за 25% пониски од истиот период просекот што е во Европа, ќе се сложите дека е некаков успех во овие околности“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека се уште е тешко, има проблеми, но е многу подобро од пред 4 години и оваа влада подобро се справува со поголеми предизвици од минатата власт ако оваа 2026 година се спореди со 2022 година кога исто така имаше енергетски предизвици.