Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Ученици од Чаир ќе посетуваат бесплатни курсеви од областа на науката и личниот развој

Педесет ученици од основни училишта од Чаир бесплатно ќе посетуваат едукативни програми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет ученици од основни училишта од Чаир бесплатно ќе посетуваат едукативни програми насочени кон науката и развојот на личните способности и поттикнувањето на нивниот потенцијал, за што е потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Чаир и Центарот SkyLab.

-Во рамки на оваа соработка, учениците ќе имаат можност да ги посетуваат курсевите SKYLAB НАУКА и SKYMIND, каде што преку практични експерименти и современи методи на учење ќе ги прошируваат своите научни знаења, ќе ги развиваат способностите за концентрација, управување со емоциите и самодовербата, соопшти Општина Чаир. 

Градоначалникот Изет Меџити изјави дека со овој меморандум исполнуваат  ветување од нивната програма.

Реклама

-Од училишните клупи до експериментите, откритијата и новите идеи! Со овој меморандум исполнуваме уште едно ветување од нашата програма, овозможувајќи им на 50 ученици од Чаир бесплатно да посетуваат програми кои ја поврзуваат науката со личниот развој. Чаир има талентирани деца, со љубопитност и исклучителен потенцијал. Наша задача е да им создадеме можности да го развиваат својот талент, да ги прошируваат знаењата и да ја градат својата иднина со поголема самодоверба. Токму тоа го правиме, изјави Меџити.

Општината Чаир во соопштението наведува дека оваа соработка претставува „уште еден чекор кон проширување на образовните можности за учениците од Чаир, поттикнувајќи го учењето преку практично искуство и развојот на способности кои придонесуваат за нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој“.