Во текот на денешниот ден од несовесни граѓани извршен е вандалски чин на надземниот пешачки премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае, информира Општина Карпош.

-Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење. По санирањето на настанатите штети, преминот повторно ќе биде ставен во функција. За повторното отворање, јавноста дополнително ќе биде информирана, соопшти Општина Карпош.



