На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари имал средба со својот турски колега, министерот за правда на Турција, Акин Ѓурлек, кој е домаќин на самитот.
-Средбата претставуваше можност за размена на мислења за актуелните предизвици во правосудството, реформските процеси и перспективите за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на значењето на институционалниот дијалог, размената на искуства и добри практики, како и на улогата на меѓународната соработка во зајакнувањето на владеењето на правото и ефикасноста на правосудните системи, информира Министерството за правда.

Министерот Шасивари ја истакнал важноста на партнерските односи со Република Турција и подготвеноста за продолжување на соработката во областите од заеднички интерес.
-Средбата се одржа во рамките на учеството на министерот Шасивари на Меѓународниот самит за правда, кој обединува министри за правда и високи претставници од повеќе земји, со цел размена на искуства и унапредување на меѓународната правосудна соработка, се наведува во соопштението.

