Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција за да им помогнат на учениците правилно да ја разберат и користат

Речиси 200 наставници од 80 училишта поминаа деветмесечен курс за вештачка интелигенција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 200 наставници од 80 училишта поминаа деветмесечен курс за вештачка интелигенција. На 100-те најуспешни од нив денеска им беа доделени сертификати, а десет од нив се прогласени за амбасадори за вештачка интелигенција, кои ќе бидат ментори. Курсевите за вештачка интелигенција се реализирале во партнерство со акредитираната високообразовна институција за студии во областа на ИТ и дигиталните технологии „Брејнстер некст“ (Brainster Next). 

Сертификатите на најуспешните наставници денеска им ги додели министерката за образование и наука Весна Јаневска, која по тој повод ја посети институцијата. 

– На наставниците им е потребно знаење со кое ќе ја унапредат сопствената работа и ќе ги водат учениците низ можностите и предизвиците што ги отвора вештачката интелигенција. Благодарност до тимот од „Брејнстер некст“, што ги научи како да ја употребуваат за да бидат покреативни и да внесат новини во наставата. За наставниците е важно стекнатото знаење да го споделуваат со колегите, но и да продолжат да го надградуваат – укажа Јаневска. 

Реклама

Вештачката интелигенција веќе го менува образованието и тоа е реалност што не можеме да ја игнорираме, рече министерката, нагласувајќи ја потребата од подготвени наставници, кои ќе може да им помогнат на учениците правилно да ја разберат и користат вештачката интелигенција, без притоа да ги изгубат критичкото размислување, креативноста и, што е многу важно, да ја употребуваат етички, одговорно и со разбирање.


 
Министерката Јаневска рече дека тоа се први наши наставници што ќе бидат амбасадори во училиштата за обука и на нивните колеги за правилна, етичка употреба на вештачката интелигенција, подучувајќи ги учениците во тој правец.

Основачот на „Брејнстер некст“, Петар Ниновски, истакна дека пред девет месеци почнале да соработуваат со Министерството за образование и наука, почнале проект со цел да ги обучат наставниците од средните училишта за тоа како правилно, етички да користат вештачка интелигенција, со цел да може да си го подобрат секојдневното работење, да го подобрат квалитетот на наставата, да ја зголемат нивната ефикасност и да може да посветат повеќе време за активности и менторство со средношколците.

– Во овие девет месеци организиравме 153 курса за вештачка интелигенција, а беа обучени 195 наставници од 80 училишта и навистина покажаа одлични резултати. Тие во просек поминаа по 60 курса за девет месеци. Исто така, ги опфативме сите осум плански региони, имавме наставници од 80 средни училишта. ​Ова е само еден дел од активностите што ги правиме. Курсевите беа организирани бесплатно за наставниците и многу сум среќен да кажам дека навистина видовме голема нивна посветеност и одлични резултати – рече Ниновски и се заблагодари и на Министерството и на министерката Јаневска што ја поддржале оваа иницијатива.
 
Посочи дека паралелно со активностите што ги организирале со средните училишта од Македонија организирале активности и за наставници во Словенија и направиле споредба во резултатите на наставниците. И овој пат, појасни, има голема разлика, меѓутоа ние сме на подобрата страна – нашите наставници навистина многу се посветија. 

Одговарајќи на новинарско прашање, Ниновски рече дека овие 195 наставници што ги опфатиле ја користат моментно вештачката интелигенција: за подготовка на материјали за часови, за персонализирано и приспособено учење, за симулации, визуализација, интерактивност, квизови, тестови, оценување, брза повратна информација и следење на напредокот, истражување и проекти, правилна, етичка и критичка употреба на вештачката интелигенција. Она што ме радува, посочи, е дека им помага да им се автоматизира дел од онаа административна активност, која не додава вредност на средношколците, за да посветат повеќе време за работа со нив.
 
– Од овие 153 курса, повеќето од инструкторите, кога ги следевме активностите, се инструктори и предавачи што работат моментно во компании како „Мајкрософт“, „Гугл“, ИБМ, „Тесла“, „Опен ВИ“ итн. Значи, станува збор за експерти што многу подолго работат на оваа тема отколку што ние зборуваме за вештачка интелигенција. Значи, успеавме да направиме поврзување на најдобрите светски експерти со нашите професори од средните училишта. Вкупно 80 училишта, а осум од 10 училишта се надвор од Скопје, овој податок многу ме радува – рече Ниновски.

На прашање за тоа кои се најголемите ризици за користење на вештачката интелигенција, особено кај младите, тој рече дека ако се користи само на прво ниво – за да може да си ја олесниме едноставната работа, за да напишеме, да земеме повратна информација – тоа не е многу правилно користење, туку има многу други работи што може да се прават, како автоматизација, користење за истражување, за помош при учење…
 
– Со една група студенти направивме агент, кој користи Сократ-методологија и на тој начин им помага во секојдневното учење, им помага да се продлабочат во она што го учат понатаму. Дополнително, со друга група студенти го изработивме агентот „Умниверзум“, кој им помага на училиштата во математика и за подготовка на државна матура. Тука можеме да видиме како правилно ја користат со часови, со денови за подготовка на државната матура – стотици средношколци секој ден користат вештачка интелигенција за подготовка на задачи по математика – истакна Ниновски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска рече дека овие обуки ги продолжиле и други високообразовни институции и има над илјада обучени наставници. Во врска со опасносните од користење на вештачката интелигенција, таа истакна дека опасностите се учениците да добиваат готови информации, без да се потрудат да ги побараат, што би значело брзо стекнување информации, без вложување труд, што не е добро. ​Другата опасност, посочи таа, е 100 отсто доверба, најчесто го користат „Чет џи-пи-ти“ , иако веќе е општо познато дека тој знае да конфабулира (измислува, дотерува), особено во ниските верзии, и не секогаш информациите се сто отсто точни, да престанат да користат хартиени книги, кои развиваат други развојни функции умствено, што сепак треба да се контролира.
 
– Дополнително, може да се врзат со агентот со кој комуницираат и да направат зависност од употребата на алатката што ја користат, што секако би било издвојување од реалниот свет со сите дополнителни негативности што тоа ги носи. ​Конечно, може на некој начин да станат индолентни кон размислувањето, креативноста, инвенцијата… И токму тоа се проблемите што наставниците треба да им ги предочат и против кои треба наставникот да преземе мерки за да може да ги користат сите погодности – истакна Јаневска.
 
На прашањето како да се спречи препишувањето на младите со користење вештачка интелигенција во училиштата, Јаневска одговори дека постојат повеќе можности и дека она што е модерна теза во напредните општества е дека треба да се пристапи кон персонализирано учење, каде што без ваквата технологија би било многу тешко.
 
– Оттука, наставникот, користејќи вештачка интелигенција, ќе кажам едноставен пример, на сите 20 деца или 30 деца во класот може да им даде различен тест. Да си подготви различен тест за 30 деца за тие да не може да препишуваат. ​Ако мислите дали ќе препишуваат од вештачката интелигенција („Гемини“, „Чет џи-пи-ти“, „Клод“… ), тоа во последно време го решаваме со неупотреба на телефоните во наставата, односно со отстранување на телефоните за време на часовите. Ова е корисна алатка, но за правилно да се развива мозокот, потребна е и моторика, и физичка активност, и размислување – појасни Јаневска.

Посочи дека вештачката интелигенција со своите податоци што ги има, фигуративно кажано, треба да ги поттикне да стекнуваат знаења размислувајќи критички, аналитички, развивајќи љубопитност и да ги натера да истражуваат. Ако тоа успееме да го направиме, истакна министерката, ние корисно ја употребуваме вештачката интелигенција. 

Во врска со тоа до каде е санацијата во зградата во која е сместено Министерството за образование и наука по поплавата пред десетина дена предизвикана од пукната цевка, рече дека таа е завршена, имаат струја, вода и непречено функционираат.

– Должност ми е да кажам, поради вработените, дека ние и без вода и без струја секојдневно работевме и воопшто немаше застој во Министерството за образование и наука – додаде Јаневска.