На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Грузија, Паата Салиа.
Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, биле можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, размената на искуства во спроведувањето на реформските процеси, како и предизвиците со кои се соочуваат правосудните системи.

Соговорниците разговарале и за значењето на зајакнувањето на владеењето на правото, унапредувањето на стандардите во правосудството и продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка.
На средбата било истакнато дека размената на добри практики и континуираниот дијалог отвораат можности за нови партнерства и придонесуваат кон изградба на поефикасни, потранспарентни и подоверливи правосудни системи.

