Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Јериниќ: Ги повикуваме македонските компании да ги искористат можностите што ги нуди „Експо 2027“

Директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, ги повика македонските компании да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, ги повика македонските компании да го искористат „Експо 2027“ за нови бизнис-партнерства и пласман на своите производи и услуги на меѓународниот пазар. Речиси 100 македонски компании веќе покажале интерес за учество на „Експо“.

Јериниќ на денешната презентација на можностите што ги отвора „Експо 2027“ за Македонија, Србија и регионот посочи дека изложбата ќе биде значајна платформа за деловно поврзување, со очекувани повеќе од 50.000 бизнис-разговори.

– Нашата цел е да создадеме една платформа, каде што компаниите од Македонија ќе може да се претстават, да најдат партнери и да отворат нови можности за соработка. „Експо“ не е само изложба, туку и голема економска и деловна можност за целиот регион.

Реклама

Како што беше посочено, на „Експо 2027“ ќе учествуваат повеќе од 140 меѓународни учесници, а се очекуваат над четири милиони посети и речиси 1,2 милион странски туристи.

– Ве повикуваме да ја искористите можноста, да ги повикате преку претставувањето на вашиот павилјон да ја посетат Македонија, подобро да ве запознаат, да ги запознаат вашите туристички потенцијали и на тој начин да имаме дополнителна корист. Од друга страна, тука е економијата, која навистина е во огромен фокус кога станува збор за нашиот „Експо“. Очекуваме повеќе од 50.000 деловни разговори во текот на 93-те дена на „Експо“ в година. Од таа причина, многу е важно навистина, како земја учесник, да се подготвите за тие разговори, да ги отвориме потенцијалите, да ги отвориме можностите за бизнис, за разговори, да отвораме нови проекти, да отвораме нови работни места и заедно како регион да напредуваме и да одиме понатаму – рече Јериниќ.

Истакна дека дополнителен потенцијал за деловна соработка претставуваат националните денови, на кои се очекува присуство на претседатели, премиери, министри и бизнис-делегации.

– Имајте предвид дека сите меѓународни учесници за време на „Експо“ ќе организираат свој национален ден, а на нивниот национален ден ќе дојдат претседатели, министри, премиери и деловни делегации. Сите тие деловни делегации, делегациите на стопанствениците, им се достапни на сите меѓународни учесници, така што утре вашиот претседател, премиер и министри може да разговараат со нив во Белград, може да го искористат нивното присуство и тоа навистина претставува огромен дипломатски потенцијал – рече Јериниќ.

Тој оцени дека волонтерската програма ќе биде можност младите од разни земји да стекнат практично искуство, да се запознаат со други култури и да создадат контакти што би можеле да претставуваат значаен дел од наследството на „Експо“.

– Досега од Македонија имаме пријавено речиси 1.000 млади луѓе што сакаат да бидат дел од волонтерската програма, кои сакаат да работат со земјите учеснички на нивните павилјони, кои сакаат да работат заедно со нас. Тоа навистина е вистински доказ за тоа како и на кој начин сме поврзани, колку сме отворени, колку сакаме заедно, на крајот на краиштата, да работиме. И сакам навистина да испратам една многу јасна порака: младите луѓе и сите оние што сакаат да се пријават во таа волонтерска програма бидејќи тоа навистина ќе биде едно големо дружење, една голема шанса за сите да се запознаат и да разговараат – посочи Јериниќ.

На новинарско прашање за тоа дали е направена стратегија за искористување на објектите по завршувањето на „Експо“, Јериниќ рече дека нивната намена е планирана уште од кандидатурата.

– Кога станува збор за наследството и за она што го работиме по „Експо“, во целиот процес на кандидатурата што го имавме ние, во тие две и пол години, тоа за нас, всушност, беше огромна предност бидејќи од првиот ден знаевме како ќе го користиме секој квадратен метар по „Експо“ – рече Јерениќ.

Тој појасни дека просторот е поделен во три зони – зона на меѓународни учесници, тематска зона и зона на најдобри практики.

– Што се однесува до зоната на меѓународните учесници, тука всушност го градиме новиот белградски саем, кој ќе го премести своето работење кога ќе заврши „Експо“, за да добиеме целосно нов, модерен простор, технолошки современо опремен и сообраќајно совршено поврзан, бидејќи во непосредна близина се наоѓа еден навистина огромен сообраќаен јазол не само за Србија и Белград туку и за тој дел од Европа – додаде Јериниќ.

Од зоната на најдобри практики, како што информира Јериниќ, по „Експо“, ќе бидат направени три училишта, три градинки и 20-ина фискултурни сали, кои ќе бидат распоредени во Србија.

Во однос на македонскиот павилјон, комесарот Александар Велиновски информира дека Македонија ќе настапи со мотото „Сите ритми на сонцето“, со концепт поделен во седум тематски целини, чиј фокус ќе биде ставен врз современиот лик на општеството, гостопримството, македонското вино и храна, како и врз туристичките и креативните потенцијали.

– Ние не одиме во историјата, туку сакаме да го претставиме општеството такво какво што е денес. Токму поради тоа, одлучивме нашите современи атрибути да ги претставиме во форма на гостопримство, што ќе придонесе утре да се унапреди и туризмот во целата земја, но не само во земјата, туку и во регионот. Знаете дека ниеден посетител од Кина не доаѓа наменски само во Србија или само во Македонија, туку сака да ги посети и Албанија, и Хрватска, и Босна, и Македонија, и Србија. Она што ќе го издвои македонскиот павилјон и што ќе биде присутно таму се македонското вино и македонската храна. Тоа се нашите атрибути и, секако, претставуваме нешто што е загреано од македонското сонце, кое е и наш заштитен знак за самиот павилјон – рече Велиновски.

Информира дека вкупниот трошок ќе изнесува нешто над еден милион евра, при што поголемиот дел од средствата ќе биде наменет за изградбата.

– Поголемиот дел од буџетот ќе оди за изградбата на самиот павилјон, почнувајќи од ангажирањето архитекти, дозволите за градба и сите протоколи што мора да се направат во Србија. Тука станува збор за нешто над еден милион евра како вкупен трошок за нашиот павилјон – рече Велиновски.

Комесарот појасни дека првично било предвидено павилјонот да зафаќа површина од 330 квадратни метри, но по прифатените барања за целосна презентација на гастрономските и винските капацитети, добиен е простор од 660 квадратни метри.

– Морам да напоменам дека на почетокот Македонија тргна со павилјон од 330 квадратни метри, меѓутоа поради одредени технички барања од наша страна, за да бидеме изразени и со вино и со храна и со сè, беше направен одреден компромис, со што добивме уште еден среден павилјон, односно 660 квадратни метри – рече Велиновски.

На јавниот повик за учество на стопанството, кој заврши на 1 септември, се пријавиле 100-ина компании од секторите транспорт, логистика, преработка, мебел, метална индустрија, приватно здравство, козметика, спа и дентални услуги. Селекцијата е извршена во соработка со Сојузот на стопанските комори на Македонија, кој ќе спроведе обуки за подготовка на деловните настапи по тематски недели.

„Експо 2027 Белград“ ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година со мотото „Игра за човештвото: спорт и музика за сите“. Македонскиот павилјон ќе биде со мотото „Сите ритми на сонцето“, со седум тематски целини посветени на современа Македонија, гостопримството, македонското вино и храна, туризмот и регионалната соработка.