Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

„Алкалоид“ со 23. учество на CPHI – водечки глобален фармацевтски настан

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој, стои во соопштението од компанијата.

„Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. учество на CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир. Годинашното 37. издание на CPHI се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, обединувајќи ја фармацевтската заедница на едно место заради вмрежување, размена на знаења, претставување иновации и создавање нови деловни можности.

Годинашното учество на „Алкалоид“ на CPHI Milan 2026 се одвива во знакот на 90-годишниот јубилеј на компанијата, а во фокусот на саемското претставување се современите производствени капацитети, производственото портфолио и клучните развојни достигнувања на компанијата. Тимот на „Алкалоид“, составен од 35 претставници на повеќе организациски сектори, во текот на трите саемски денови реализираше голем број средби со своите деловни партнери и добавувачи, како и со потенцијални соработници. Главниот акцент е ставен врз продлабочување на постојните партнерства, развој на нови деловни можности и проширување на меѓународната соработка со водечките чинители во фармацевтската индустрија.

Реклама

Со повеќе од 62.000 фармацевтски професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет, CPHI, како еден од најреномираните светски собири во областа на фармацијата, ги обединува компаниите, експертите и иноваторите, нудејќи современа рамка за претставување на најновите технологии и за воспоставување стратешки партнерства што отвораат нови можности за развој на следната генерација иновативни фармацевтски решенија. Континуираното присуство на „Алкалоид“ на CPHI е дел од долгорочната определба на компанијата да ги следи глобалните текови во фармацевтската индустрија, да ја зајакнува својата меѓународна конкурентност и преку нови знаења, технологии и партнерства да создава основа за иден одржлив раст.